Наслов

Чкртање со Страва

Strava: апликација која служи за тракирање на спортски помината дистанца, или место за креативно чкртање по мапи во очите на некои  иновативни спортисти.

Strava е апликација која служи за тракирање на помината дистанца (со точак или пеш) со помош на ГПС позиционирачки систем и е корисна затоа што дава детални информации за поминатата патека. Понекогаш, во зависност од креативноста на визијата може и да послужи за чкртање по мапата.

И сето ова се должи на еден креативен точкарски ум од Сан Франциско по име Крис Фипс. Неговото Страва арт движење започна во сезоната во американски фудбал 2011/12 каде со поминатите километри напиша "49ers" чисто за бодрење на неговиот тим.

Пред некој ден тој низ улиците на Сан Франциско напиша "Let Ted Ride" поради негодувањето заради дисквалификувањето на Тед Кинг од Тур де Франс. Делото беше завршено за време од 2 часа и 14 минути. 

Еве некои од другите глупости кои се прават во овој тип на уметност.

08 Јули 2013

За авторот