Екологика

Наслов

Брат, цел стадион е зелен

Тревата е зелена, но самите спортски стадиони знаат да бидат доста неодржливи користејќи многу енергија, вода и суровини при својата оперативност. Следуваат најдобрите примери како со помош на новите технологии и практики се менува еколошката слика на стадионите во светот.

Теренот произведува електрична енергија

Локален стадион во квартовите на Рио де Жанеиро под самата трева има едно од најновите технолошки достигнувања - 200 посебни плочи кои ја собираат кинетичката енергија од чекорите на фудбалерите. Секој чекор на теренот создава 5 w/s енергија. Тревникот заедно со неколку соларни панели ја произведуваат целата потребна енергија за осветлување во текот на ноќните натпревари. - 

ЛЕД светлина

Алианц Арената на Баерн Минхен, позната по уникатната светлечка надворешност, од следната година своето светлечко шоу ќе го прави со најефикасни сијалици, 380 000 ЛЕД светилки инсталирани низ целата фасада, намалувајќи ја потрошувачката на струја за 60%.

Трева без наводнување

Во 2012, Реал Мадрид на своите 11 терени за тренинг поставиле нова генерација на вештачка трева за спортски терени создадена од данската компанија Desso.

Тревата нема никаква потреба од наводнување, косење и прскање со пестициди, намалувајќи ги трошоците и потребата од ресурси за квалитетот на теренот да остане на врвно ниво.

Манчестер јунајтед исто така се вклучени во користење на рециклирани материјали за вештачка трева. На еден од тренинг терените во Олд Трафорд комплексот, имаат поставено вештачка трева создадена од 10 тона рециклирани гуми кои обично се користат како високо калорично гориво во индустристијата.

Еко стадион

Новиот стадион на NFL тимот од Сан Франциско е вистински пример за  екологична оперативност. Уште пред почетокот на сезоната, тимот веќе го добива својот прв медал, LEED златен стандард за еко градежен објект.

Стадионот има своја градина од 2500м2 на врвот на трибините, околу која се протега 400kw систем од соларни панели кои ја произведуваат целата потребна електрична енергија. За топла вода се користи геотермален систем кој ја користи топлината од земјата, а за наводнување на самиот терен, целата вода доаѓа од системите за собирање на дождовна вода.

Стадионот произведува повеќе енергија од своите потреби

Орлите од Филаделфија (Philadelphia Eagles) го имаат првиот стадион во САД кој произведува повеќе од потребната енергија во текот на една година. Со поставување на 14 ветерници и повеќе соларни PV системи, стадионот не само што заштедува милиони долари годишно, туку и има додатен профит од поголемото производство.

Во склоп на еколошката програма, „орлите“ вклучиле и ригорозен менаџмент за стадионот да не создава никаков отпад. 99% од отпадот што се создава од публиката се рециклира, заштедувајќи големи финансиски средства, кога ќе се размисли колку отпад би се создавало од 70 000 публика.

11 Ноември 2014

За авторот