Бонев 14-ти на европски OCR шампионат

Во конкуренција од 160 мажи во категорија „Елит” од 23 европски држави, единствениот претставник од Македонија на овогодинашното и прво европско првенство во трчање со пречки – OCR (Obsticale course racing) заврши на одличното 14-то место. 

На 12 јуни 2016 овој викенд во Нијмеген, Холандија за прв пат се одржа европско првенство во OCR на кое настапија вкупно 617 натпреварувачи во машка и женска категорија од 23 земји. OCR или Obstical cource racing претставува спорт во кој натпреварувачите треба да изминат одредена патека со варијабилна должина низ која се поставени најразлични видови на препреки – јажиња, ѕидови, најразлични бариери итн. и сето тоа во трка со часовникот. 

Нашиот претставник Марјан Бонев се натпреваруваше во категоријата „елит” за која е потребно задоволување на некои критериуми преку претходни квалификациони трки на кои Марјан успеа да се пласира и да биде единствениот претставник од Македонија на ова натпреварување. 

Дистанцата од 15 километри со исклучително тешки препреки тој успеа да ја мине за време од 1:34 и со тоа да се пласира на 14-тото место во конкуренција од 160 мажи во оваа категорија. Покрај ова, на натпреварот тој успеа да ги мине и заврши сите дадени пречки. 

Повеќе фотки и видеа од настанот – ТУКА

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија