Усаин Болт ќе го брани олимпиското злато во Рио

Наслов

Болт и рекордите

На Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година Болт е подготвен да ги одбрани своите олимписки титули за 100 и 200 метри спринт.

Годинава во Лондон тој успеа да ги задржи двете титули како и титулата за 4х100м и изјавува дека се одлучил да не се натпреварува во дисциплините 400 метри и скок во далечина.

Фокусот е на трите спринтови, не сакам да се испробувам во други дисциплини во Рио, изјавува Болт и додава дека ќе ги одбрани своите титули за да му покаже на светот дека може да го направи тоа повторно.

Овој 26-годишник од Јамајка нема намера да ги намали и олесни своите тренинзи.

Болт кој ги има поставено светските рекорди за 100 и 200 метри, изјавува дека наредната година на Светското првенство во Москва ќе трча уште побрзо.
Тој додава: "Се е во напорната работа. Кога трчав најдобро додека бев млад, луѓето велеа дека тоа е многу брзо за моја возраст, но морав да вложам уште повеќе труд и напорна работа од тогаш до сега, за да станам она што сум! Ќе продолжам напорно да работам и да се фокусирам на зацртаната цел. А целта е една, да согледам колку можам да бидам брз и секоја година да станувам се побрз."

За 19,32 секунди истрча 200 метри во Лондон со што стана првиот човек кој ги задржа двете олимписки спринт титули, Блејк го доби среброто, а Ворен Вир бронзата.

11 Октомври 2012

За авторот