Наслов

Бидете дел од програмата на ЕХО фестивалот

Ако ги документирате вашите планински авантури, побрзајте и аплицирајте! Конкурсот за најдобра фотографија и најдобро аматерско видео на претстојниот ЕХО фестивал на планински филм трае до утре...

Споделувајте, инспирирајте и освојте награда. Оваа година се наградуваат најдоброто аматерско видео и најдобрата фотографија. Се што треба да направите е материјалот да го испратите до дечките од ЕХО фестивалот на планински филм најдоцна до утре 20ти октомври на contact@ehofilmfest.mk и вашата фотографија да блесне на фестивалското пано или на големото платно во кино Фросина.

Конкурсот е отворен само за жители на Република Македонија. Eден автор може да конкурира со најмногу 3 фотографии и својата апликација треба да ја достави преку официјалниот е-маил на Ехо: contact@ehofilmfest.mk

Апликација:
Покрај фотографијата, јасно треба да биде запишано името и презимето на авторот, наслов на фотографијата, а по желба на авторот - и краток опис за фотографијата/фотографиите со кои аплицира, но и линк до негово портфолио, веб-сајт и/или друг социјален медиум кои би послужиле за подобро запознавање на публиката на ЕХО со неговата фотографија.
За фотографиите:
Препорачан формат е JPEG/150dpi, со големина на фајлот не поголема од 20Мb. Фотографиите не смеат да содржат никакви жигови и логоа.
(Од победниците може да биде побарано да обезбедат и подобар формат за потребите на планираната изложба на Фестивалот)
Тек на конкурсот:
Сите пристигнати фотографии, ќе бидат објавувани во заеднички албум на Фејсбук профилот на Фестивалот и ќе биде овозможено секој да гласа за нив. 15-те фотографии кои до 24часот на 20ти октомври ќе имаат најмногу гласови („лајкови") ќе бидат испечатени и изложени за време на деновите на Фестивалот во фоајето на МКЦ (Кино Фросина). Организаторите на Фестивалот од тие 15 фотографии ќе одберат 3 победнички, чии автори ќе бидат наградени со опрема за планинарење од Outdoor.mk и публикации на Фестивалот (книгата за полскиот алпинист Ј. Кукучка и изненадувањето кое наскоро ќе биде објавено :))

Забелешка:
Ќе бидат земени во предвид само фотографии кои претходно не учествувале на други конкурси и кои не биле изложувани и за кои авторот ги поседува сите права.
Авторот, со својата апликација, му дава право на Фестивалот за планински филмови „ЕХО", бесплатно да располага со неговите фотографии и да ги користи за објавување на Фејсбук профилот, сајтот на Фестивалот и други социјални медиуму, за објавување во книги и списанија во издание на Фестивалот, огласи за нови конкурси и разни други свои маркетинг и комерцијални цели.

Ехо фестивал на планински филмови во соработка со ПРОСПОРТ и оваа година објавува конкурс за најдобро аматерско видео. Конкурсот ќе биде зачинет со награда за најдоброто видео, односно последната и најнова камера од фамилијата GoPRO 4 session која ја доделува спонзорот PROSPORT.

Аплицирање за видеото се прави со име и презиме на авторот и краток опис на видеото на contact@ehofilmfest.mk најдоцна до 20ти октомври.

Видеото кое ќе го пријавите треба да биде долго од 1 до 5 минути. Ако сметате дека вашето видео треба да бидеме малку пократко од 1 минути или малку подолго од 5 минути, ве охрабруваме да се пријавите/аплицирате на конкурсот и ни објасните зашто е тоа така за фестивалот евентуално да направи отстапка.

Видеото/фајлот треба да ни го пратите преку некој трансфер медиум, или да ни го предадете лично преку наведената адреса на фестивалот.

За изборот на најдобро видео одлучува жирито на фестивалот, кое е составено од професионални филмски работници и вљубеници во планината.

Фестивалот ќе ги проектира најдобрите пријавени видеа на некоја од фестивалските вечери од 2ри до 5ти ноември 2015 во кино Милениум и кино Фросина.

Фестивалот има право да ги објави најдобрите видеа на својот vimeo канал.

со почит

Ехо фестивал на планински филмови 2015

19 Октомври 2015

За авторот