Авантуристи на годината 2019 – Нат Гео

Веќе извесен период од страна на „Национална Географија” се прави листа на најистакнати авантуристи на годишно ниво. Изборот за минатата година е прилично интересен, составен од шест индивидуалци и еден тим. 

Секоја година Нат Гео истражува и зема предлози од писатели, новинари, кинематографи и фотографи при што се составува листа на најистакнати истражувачи и авантуристи заминатата година.

Иако 2018 беше година на најбрзото искачување на „Носот” на Ел Кап од страна на АлексХонол и Томи Калдвел, искачувањето на Давид лама на Лунаг Ри, првото скијање на Лотце и останати интересни и скоро „невозможни” подвизи, тимот на Нат Гео одбра малку поинаку. Ова е листата на избрани:

Андржеј Баргиел – првиот човек што го скија врвот К2 – читајте повеќе.

Маурин Бек е родена без нејзината лева подлактица, но станува светски шампион во пара-качување. 

Адам Бијелицки и Денис Урубко беа дел од тимот кој се обиде да се качи на К2 во зима, но и водечкото дуо во спасителната акција по Томек Мацкиевич и Елизабет Револ на Нанга Парбат. 

Хедер Андерсон во 2018 година успеа самостојно да ги испешачи Апалачиан Треил, Пацифик Крест Треил и Континентал Дивајд Треил во една година – вкупно 12900 испешачени километри во една година. 

Бабси Зангерл е една од најдобрите качувачи на карпа која успева слободно да ја искачи рутата Меџик Машрум во Јосемити

Тимската заслуга оди кај спелеонуркачите кои учествуваа во спасителната акција на заглавените момчиња од тајландската пештера Там Луанг. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија