Ако не ви се флерта со ајкули

Додека сите бараат спрејови, лепенки, фрекфенции и што ти уште не против комарци, Австралија измисли костуми против ајкули. Може немаме нит море нит ајкули, ама па занимливо е и интересно да се знае што боја треба да ви биде оделото кога ќе ве помириса ајкула на сурфање или пливање. Сигурно не сакате да ви биде сиво, како на фока!

Shark Attack Mitigation Systems во комбинација со Западно Австралискиот Универзитет направија костуми кои имаат првична функција многу практично да им се најдат на сурферите (со што ќе им го спасат животот) при пресрет со најопасниот воден предатор.

Има две варијанти на одела со различни дизајни и бои, едниот функционира како камуфлажа, а другиот ја „заплашува” ајкулата (колку и чудно да звучи).

И тимот има утепано сериозна математика позади навидум едноставните дизајни што ги имаат оделата калкулирајки многу варијабли и елементи во прилично голема равенка која изгледа вака:

Каде што: Colour = Cl Contrast = Cn Size = Sz Shape = Sh Depth = Dp Distance = Ds

И воглавно равенката и начинот на кој што функционира (бар треба да функционира) костумот е следна. Додека ајкулите имаат безброј рецептори за мирис, и електрични полиња, видот е круцијалното чувство кое одлучува во финалната фаза од нападот.

Со прекинување на визуелната перцепција може да се постигне дивертирање или барем одложување на нападот.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија