Наслов

Акција „Ова не е паркинг" во Битола

Акцијата „Ова не е паркинг"е посветена на узурпацијата на јавните површини во Битола.

Граѓаните секојдневно се соочуваат со проблеми кои го ограничуваат нивното движење и ја загрозуваат нивната безбедност. Иако Битола не е голем град паркирањето на јавните површини и тротоари зема се поголем замав и на одредени локации низ Битола. Практично е невозможно безбедно движење на пешаците.

Во изминатите неколку години поради трендот на узурпацијата на тротоарите предизвикани се повеќе несреќи, а постарите граѓани, инвалидизираните лица, велосипедистите и децата се почесто се обесхрабрени да се движат на одредени локации низ Битола.

Целта на оваа акција е да се изврши притисок врз надлежните односно општина Битола и МВР сериозно да се зафатат со решавањето на овој проблем и да ги вратат колите на улиците и пешаците на тротоарите.

12 Јули 2019

За авторот