Наслов

Адријана Поп Арсова продолжува да руши рекорди

Нашата најдобра атлетичарка на долги патеки постави нов државен рекорд.

Адријана Поп Арсова успеа да сруши уште еден национален атлетски рекорд, овој пат во дисциплината 5000 метри. Таа викендов на државното првенство за сениори постигна време од 18:23:40 минути што е подобрување за цели тринаесет секунди од сега веќе стариот државен рекорд на Катерина Димеска истрчан во Кавала 2000 година.

Соло трката на Поп Арсова беше резултатски доказ за фантастичната форма во која таа се наоѓа веќе подолго време и потврда за апсолутната доминација на долги патеки во женска конкуренција во нашата земја. Да се потсетиме дека Адријана покрај тоа што е државен шампион и рекордер на 5000м, таа е и најбрза Македонка на сите времиња во дисциплините 10000м, полумаратон и маратон.

Вреди да се забележат и успесите на Јован Стојоски и Дрита Ислами кои забележаа по три победи во три различни дисциплини, како и на Дарио Ивановски кој триумфираше во две дисциплини.

Државното првенство кое се одржа во Скопје воедно беше и изборно натпреварување за Европското тимско првенство кое на 10-11 Август ќе се одржи во нашиот град. 

30 Јули 2019

За авторот