Наслов

90% од Швајцарците носат кацига на скијање

Последниот извештај од швајцарскиот совет за спречување на скијачки незгоди укажува на огромен скок во користењето на заштитни шлемови меѓу Швајцарците, но и на странците во нивните скијачки центри. 

Со оглед на разликата што ова парче опрема може да ја направи во евентуална скијачка незгода за голем поздрав е статистиката која покажува дека скијачките кациги се на голема врата влезени како основна скијачка опрема меѓу уживателите на снежните спортови. 

Имено, резултатите од последните анкети помеѓу скијачите и бордерите во Швајцарија покажаа дека 89% од истите носат заштитни кациги додека практикуваат снежни активности, резултат кој е највисок досега. 

За споредба, минатата година 87 проценти од анкетираните носеле заштитен шлен, но кога ќе се направи компарација со сезоната 2002/03, веќе станува јасно колкав пораст реално се има постигнато во оваа област. Таа сезона единствено 16 проценти од скијачите носеле кацига. Дополнително, и странските скијачи на швајцарските ски центри имаат висок процент во носењето на кацига (84%). 

08 Јануари 2015

За авторот