091RUNCrW

091RUNCrW Скопје – Урбана Трчачка банда

091RUNCrW не е атлетски клуб, туку дружина во која делиме љубов, страст и поддршка за луѓето кои уживаат во трчање и ширење crewlove. Нашата цел не е да бркаме некое време или темпо како поединец, туку да делиме љубов пријателство и почит како дружина. Дружбата после секое заедничко трчање е наш стил, па затоа #run#party#repeat.

Приказната за 091 е многу подлабока отколку некој тим собран за да трча маратони и полумаратони и да тренира два пати неделно на Кејот на Вардар. 091 не е ни школа за трчање, ни официјален атлетски клуб туку баш дружина која сака да трча, да навива на маратони и да се забавува. Ако мора да се дефинираме ние сме нелегален и неофицијален клуб на ентузијасти кои патуваат (ако мора и трчаат 🙂 ), навиваат гласно, пијат пиво и се дружат.

Постои едно движење покренато од една ваква урбана трчачка банда од NY, Bridge Runners кое се вика Bridge The Gap т.е. “to make a connection where there is a great difference”. Ова движење ги спојува урбаните екипи од целиот свет, кои покрај трчањето како споредна активност во целата приказна имаат шанса да се дружат, да се запознават со луѓе и култури од целиот свет и заеднички да се вклучат во поголеми акции од хуманитарен карактер. 091 како единствена екипа од Македонија оваа година беше на два такви настани, во март во Амстердам и април во Белград.

Заради неформалниот карактер на нашата дружина нема официјално членство или некаква чланарина која би се плаќала за да некој биде дел од 091. Нашите тренинзи и заеднички трчања и дружби се отворени за сите, трчаме два пати неделно заеднички  во групи на темпо на најспориот во екипата зошто нашето мото е дека дружбата е побитна од времето и брзината која ќе се истрча. Ние сме урбана дружина па нашите трчања се најчесто низ  градот, се собираме во некој кафич низ Дебар Маало и од таму тргаме заедно и потоа завршува тренингот со заедничка дружба на истото место.

 Имаме facebook страна и таму ги договараме настаните и трките и градовите кои планираме да ги посетиме во наредниот период. 

 

Автор

091RUNCrW

Скопје

Македонија