Дан Рузенгард, иноватор и дизајнер, посла една од велосипедските патеки во Холандија со „Ѕвезденото небо“ на Ван Гог. Патеката е осветлена со помош на соларни ЛЕД диоди и боја која свети во темница и ќе им помогне на велосипедистите ноќе полесно да ја следат својата лента.