Наслов

Вкусот на Скопје 2019
Локација: 
Школка, Градски парк Скопје
Држава: 
Македонија
Датум: 
Сабота, 18 Мај, 2019 - 11:00

Контакт

Кога ќе се спомне пролет во Скопје, помислуваме на зелените прекривки на Градскиот парк, свежината на високите дрвја и неповторливите дружби со пријателите. Токму таму, во срцето на Скопје, љубителите на добрата храна ќе имаат можност да бидат понесени од целосен гастрономски хедонизам! 😊

Станува збор за првото издание на фестивалот на улична храна "Вкусот на Скопје" кој ќе имате можност да го посетите на 18-19 мај. Овој дводневен настан ќе ги обедини најдобрите локални сендвичари и ресторани чии сочни специјалитети нема никого да остават рамнодушен! Ќе имате можност да дегустирате разноврсна улична храна и да се препуштите на фузијата од зачини, ароми и различни вкусови кои дефинитивно ќе Ви го задоволат апетитот. 🍟🍕🍔

"Вкусот на Скопје" има и своја едукативна страна - бројните учесници во програмата на дело ќе ги прикажат своите врвни кулинарски вештини и ќе ни приредат интересни демонстрации за готвење на нови рецепти и едукативни презентации за исхраната и здравјето.
За да дополнително го разубавиме паркот - во вечерните часови не очекува опуштање со локалните музичари...

Целата програма можете да ја погледнете тука: https://bit.ly/2VCtz0l

Известете ги своите пријатели и дојдете на еден поинаков викенд... Се гледаме на Школка! 😊

За овој настан сеуште нема пријавено гости.

Мапа

П В С Ч П С Н
 
 
 
 
 
1
 
 
3
 
4
 
5
 
 
 
 
 
10
 
 
12
 
13
 
14
 
 
 
17
 
18
 
 
20
 
 
 
 
24
 
 
26
 
27
 
28
 
 
 

На Facebook