Наслов

ALLWays Balance Retreat
Локација: 
Отешево
Држава: 
Македонија
Датум: 
Среда, 27 Август, 2014 - 07:00

Контакт

Име и презиме: 
075 205 922 Ана

Веројатно сите често размислуваме за тоа дека е време да престанеме само да размислуваме, планираме и зборуваме. Дека нѝ е потребно да одвоиме време и простор за себе и за своите лични потреби, без разлика дали се работи за здравје, стрес, релаксација, едукација или одмор.

Чувствувајќи го ова, подготвиме одлична програма за која што се потрудивме да ги опфати сите аспекти на потребите за личен развој, а која воедно вклучува и забава, дружење и уживање во природните убавини на ресортот „Lakeview" во Отешево.

Постојаната работа на себе бара да одвоиме време и простор каде ќе можеме да се посветиме на себе и да обрнеме внимание на сите оние делови кои треба да ги преточиме во целина и да станеме комплетна личност, што во денешното турбулентно време не секој си го дозволува.

Еден од начините за забрзан личен и духовен развој е повлекувањето од секојдневието во сигурен и безбеден простор на одредено време, каде со интензивна работа и примена на различни методи се обезбедува огромна поддршка на индивидуата и нејзиниот процес на промена, што доведува до полесно и побрзо будење и развивање.

Знаејќи ги потребите и важноста на личниот развој, Ви нудиме единствена можност да нѝ се придружите на ALLWays Balance Retreat во Отешево во периодот од 28-31.08.2014 година, каде ќе добиете сѐ што Ви е потребно за вашето унапредување.

Програмата содржи:

- Чи Гонг
- Јога
- Пранајама и Јога Нидра
- Bagua Circle Walking
- Предавања за натална и кармичка астрологија
- Предавање и работилница за Pranic Healing
- Циклус утрински медитации за подигнување на животната енергија, развивање на интуиција и балансирање на чакрите
- Вечерни медитации – Медитација на светлина, Тасавур и Ведска медитација
- Работилници за анализа на соништа и активно сонување
- Креативна работилница за мотивација и поставување цели.

Факултативни индивидуални сесии:

- Враќање во минати животи – Нехипнотичка регресија
- Rebirthing – Техника на дишење која ослободува од потиснати емоции како гнев, страв, тага и сл.
- Астролошки консултации
- Анализа на соништа, активно сонување, психолошки советувања
- Реики и Pranic Healing третмани

Предавачи и инструктори:

Елена Антоновска Едизер, Марина Говорко, Дана Силјан, Марина Смилева, Ивана Станковска

ЦЕНАТА НА ОВА ЧЕТИРИДНЕВНО ЗАДОВОЛСТВО ИЗНЕСУВА 200 ЕВРА.

Плаќањето може да се изврши на 2 рати, со што првата рата треба да биде уплатена до 5 Август, а втората до 25 Август

Цената вклучува:

Учество на сите горенаведени активности во програмата (без факултативните), четиридневен полн пансион (појадок, ручек, вечера и десерт) и превоз Скопје – Отешево – Скопје.

Сместувањето ќе биде во Lakeview Resort, Otesevo. „Lakeview" e класичен хотел и ресторан со поглед на прекрасното Преспанско Езеро, поделено со Македонија, Грција, и Албанија. Позади хотелот се наоѓа Националниот Парк Галичица со фантастични погледи на Преспанското и Охридското Езеро, на 2.250м надморска висина. Локалитетот е исто така познат и како воздушна бања.

 

За овој настан сеуште нема пријавено гости.