Наслов

#ПочниСоВодно - Watermelon party
Локација: 
Водно
Држава: 
Македонија
Датум: 
Четврток, 29 Август, 2019 - 18:00

Контакт

Име и презиме: 
I love hiking - group Macedonia

Нашето најдрагоцено овошје кое го имаме во изобилие. Нејзиното височество лубеницата како кралица на електролитете ќе биде поставена на трпезата за сите. Најдоброто природно враќање на електролите после добриот тренинг е со лубеница. Во таа чест имаме Watermelon party на врвот на Водно.
Не заборавјте БАЈКЕРИ имаме донации каде се возат 1м километри за донации кои одат во добротворни цели. Возете и бидете хумани од СРЦЕ.
ДМ маркетите овој пат имаат дегустација на ОРГАНСКА храна DMbio. И еден куп награди со знакот на лубеницата меѓу кои и 50 производи со мирис на ЛУБЕНИЦА ... (гел за туширање, лабело,
шампон...)
Новитет е тоа што ќе се делат флаери на сите посетители, за учество во наградната игра која ќе се одржи на затварањето. Флаерите можете да ги подигнете кај нашите водичи или на штандот на Scout.
Правилата се следни.
Треба да дојдете на минимум 3 настани. Да соберете на врвот печати во флаерот од настаните на кои сте присутни. И на ЗАТВОРАЊЕ на сезона 3, на штандот на Scout out door shop да го оставите вашиот флаер со име и презиме.
Наградите кои ги обезбедија Scout се следните
- Ранец над 30л брендиран (Jack Wolfskin или Salewa)
- Хамок за 2ца од брендот Ticket to the moon
- Термос од 1л од брендот Sigg
Ќе се наградуваме за добрата сезона....
*****************************************************************************

Не заборавај, можеш со точак, можеш пешки.
# Од некаде мора да се Почне
Почни со тренинг,
Почни со дружба,
Почни со нас,
#ПочниСоВодно

Те очекуваат бајкерско - хајкерска коалиција, Macedonian Bike Riders Друштво неозбилни велосипедисти и i love hiking group Macedonia

*****************************************************************************

Се што треба да знаеш е дека треба да се појавиш во 18:00 часот ПРЕД Кочо Рацин. Да си земеш ранец во кој ќе има 1л вода. Некој шушкавец или тенка јакна за на врвот. Да се пресоблечеш горен дел - алишта. Да не заборавиш да го наполниш мобилниот за да имаш за добра фотка.
Челна ламба или било какво светло кое ќе ти го осветлува патот. Осветлување напред и позади за точаците.
И тоа е се. За се друго ќе се погрижиме ние.

ДВИЖЕЊЕ:
- Со велосипед по асфалтниот пат
- Со пешачење до средно од кај полицијата, од средно нагоре по Димитар-Цветкова патека
- Спуштањето е по асфалт за сите учесници.
- Доколку не можете за нагоре од средно Водно имате жичара за до врвот која од 2 Мај ќе има поголемо работно време

ОПРЕМА:
- за хајкерите, челна ламба или било какво светло
- за бајкерите, предно, задно, светло, кацига

ИСХРАНА:
- секој сам си носи исхрана од ранец;
- вода 1 л.
- суво овошје, сендвичи и сл.
- домот на врвот е отворен за да си купите ако нешто ви фали.

НАПОМЕНА:
- Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
- Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
- Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската и велосипедската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната опрема за предвидената акција.
- Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
- Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки

За овој настан сеуште нема пријавено гости.