Ок, знаеме дека се утепавте од навивање за други репрезентации на #Свецко, но за промена, на крајот од месец август ќе имате уникатна можност да навивате за овие пет дечки кои ќе ја претставуваат Македонската Репрезентација на едно друго тукуречи Светско во Ултра Трчање - Ultra Trail du Mont Blanc - UTMB - http://utmbmontblanc.com/en/live/utmb
Екипата на ТРЕКС е во следен состав:
Igor Pirkovski - Игор Пирковски
Nikola Cicoski - Никола Цицоски
Жикица Ивановски
Igor D. Jovanovski - Игор Јовановски
Aleksandar Simjanoski - Александар Симјаноски
Накратко, тимот е пријавен и се спрема за една од најголемите и најпознатите трки во светот - УТМБ, трка која претставува целосна обиколка на масивот Мон Блан со старт во Шамони, Франција преку Кормајер, Италија и Шампе Лак, Швајцарија назад кај петлите и лулката на алпинизмот и планинските спортови Шамони.
Технички, стазата е долга 171 километар - нешто како Скопје - Охрид, ама зачинета со 10.000 висински метри качување и спуштање - нешто многу повеќе од само Стража и Пресека.
И да, ако на крај прашувавте што точаци ќе возат дечките, малку сте утнале. Се работи за трка во планинско трчање, значи пеш, со трчање и одење и во најголем дел целосно автономно.
Свирчето свирнува на 31 август во 18:00 часот, а сите 2500 луѓе кои земаат учество имаат 46,5 часа за финиш.
Вклучете се во поддршката за еден од малкуте Македонски УТМБ тимови.
На оваа страна ќе објавуваме повеќе детали и новости за трката и ќе одговараме на сите ваши прашања...