Наслов

Кампинг #КорапскиВодопад
Локација: 
Кораб
Држава: 
Македонија
Датум: 
Сабота, 29 Јуни, 2019 - 03:00

Контакт

Име и презиме: 
I love hiking - group Macedonia

Тимот на I Love Hiking ве повикува на планинарско-камперско дружење на Корапски Водопад.
Ако сакате барем за кратко да избегате од летните горештини и жешкиот асфалт и да ја почувствувате убавината и енергијата на, можеби, најмагичниот предел во земјава, не двоумете се!

За оние кои сакаат подолго да уживаат во рајот на долината на Длабока Река организираме ДВОДНЕВНО дружење со шатори.

ОПИС НА ПАТЕКАТА:
- Се тргнува од с. Рибница (1000 мнв) кое е оддалечено 5 км од патот за Дебар (од патот до селото се вози по кршен камен)
- Почетокот на искачувањето е по колки пат
- Патеката поминува низ преубава стара мистична шума која се протега по течението на Длабока Река и две ливади. Потоа се доаѓа до кањонот на Длабока Река каде што се наоѓа најтешкото било за качување во Македонија, врз кое се надвиснати врвовите Рибничка Скала, Кабаш ( 2391 м), Гури Куј, Кепи Гропа и Боази (овие врвови не ги качуваме, само проаѓаме под нив).
- Крајна точка е водопадот кој е висок 138 метри и се смета за највисок водопад во Македонија, но, за жал, не е постојан.
- Патеката е погодна за сите оние што се имаат качено на некоја планина во изминатиов период
- Тежината на патеката е во нејзината должина. Вкупната должина на патеката во еден правец е 11 км, а се совладува висинската разлика од 1340 метри.
- За назад имаме уште 11км пат со висинска разлика од 300м.
- Тежина на турата со поделена патека во два дена спаѓа во средни акции.
- На 2,5 км пред водопадот има еден превој кој наликува на тераса направена од карпи. Оттука се отвора фантастичен поглед кон водопадот и на целиот кањон и надвиснатите врвови
- Одиме и се враќаме по истата патека.
- Природата во овој предел несебично дарувала плодови, така што попатно ќе можеме да се освежиме со диви сливи, цреши и шумски јагоди.

ПРОГРАМА
- Тргнување од пошта 2 на Железничка станица Скопје во 05:00 часот
- Пристигнување во с.Рибница
- Искачување до местото за поставување на шатори
- Забава во вечерта
- Спиење во шатори
- Уживање под водопадот во недела
- Враќање кон комбињата најдоцна до 16:00 часот
- Пристигање во Скопје најдоцна до 22:00 часот.

*** Сите дополнителни информации ќе бидат истакнати накнадно ***

ПРИЈАВУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ:
- Максимум места за 37 учесници
- Цената за превоз по лице изнесува (..набрзо..) ден, еден ден нѐ носат, следниот ден не земаат комбињата.
- Плаќање најдоцна до 28 Јуни , ПЕТОК, до 15:00 часот или до пополнување на местата.

- Поаѓање од паркингот пред Пошта 2 кај Железничка станица во 05:00 часот.
- Попатно застанување на автобуските кај хотел Карпош, Сити Мол и кружниот во Ѓорче.

- Информации и пријавување вторник 17-19 часот, среда 17-19 часот во СквизМЕ и четврток на ПочниСоВодно , петок дополнување на местата.
- Пријавување кај:
Диме ✆ 077-525 616
Стефан ✆ 070-261 206

УПЛАТА НА Ж-Сметка
Примач : гуардианс оф нејчер – ај лав хајкинг груп маседониа
Банка : Стопанска банка – Скопје
С-ка бр: 200003122673462
***Уплата можете да извршите САМО со предходна консултација на телефоните горе.

ПОТРЕБНА ОБЛЕКА И ОПРЕМА:
- Разгазени планинарски чевли
- Планинарски стапчиња
- Капа за сонце, наочари за сонце, крема со заштитен фактор.

ИСХРАНА :
- Секој сам си носи храна од ранец (суво овошје, сендвичи, жен-шен , електролити и сл.)
- вода 2л.

*** ПОТРЕБНА ОПРЕМА ЗА ДВОДНЕВНА ТУРА ***
- Шатор, подметач, вреќа за спиење
- Челна, топла облека за спиење, гитара :)

НАПОМЕНА :
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици.
- Наведените планинарски акции се организирани и движењето ќе се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
- Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
- Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки

За овој настан сеуште нема пријавено гости.

Мапа

П В С Ч П С Н
1
 
2
 
 
 
 
 
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
25
 
26
 
27
 
 
29
 
30
 
31
 
 
 
 
 

На Facebook