Наслов

Outdoor festival When in Krusevo 2018
Локација: 
Крушевско Езеро, Крушево
Држава: 
Македонија
Датум: 
Петок, 29 Јуни, 2018 - 16:30

Контакт

Име и презиме: 
Димитар Ангелковски
Twitter: 

Outdoor фестивал "When in Krusevo" 2018, второ издание:

Повелете во Крушево, на Крушевско Езеро! Да се рекреираме, спортуваме и да се забавуваме во најаутдор градот во Македонија!

When in Krusevo, оваа година започнува на 29ти Јуни, а ќе трае до 1ви Јули. Вклучува тури во планински велосипедизам, планинарење, како и повластени цени за тандем параглајдинг, кајакарење и многу други активности! Line-up за забавниот дел дополнително ќе биде објавен...

29 Јуни 2018, петок
---------------------------------------------------------

16:00-20:00 пристигнување и пријавување на учесниците во Крушево, поставување на шатори на Крушевското Езеро, за секој учесник следува маичка и пакет на производи од спонзорите.
21:00 официјално отворање
21:30 забава на отворено

30 Јуни 2018, сабота
---------------------------------------------------------

08:00-09:00 почеток на турите во планински велосипедизам и планинарење,
- долга тура за планински велосипедизам 40км,
- кратка тура за планински велосипедизам 20км,
- долга планинарска тура 20км,
- кратка планинарска тура 10км,
Патеките за велосипедските тури ќе бидат облежани, за секоја тура се обезбедени водичи и освежителни пунктови на повеќе места.
15:00 заеднички ручек обезбеден за сите учесници на место кое ќе биде дополнително објавено
13-19:00 кајак и SUP (stand up paddle board) тури на Крушевското Езеро со екстра поволни цени за сите учеснции, обезбедени од професионален тим
18:00 проекција на кратки домашни документни филмови
20:00 видео бим за гледање на меч од Светското првенство во фудбал на отворено
22:00 забава на отворено
24:00 Beta House, Skopje

01 Јули 2018, недела
---------------------------------------------------------

10:00-16:00 тандем параглајдинг на Мечкин Камен, екстра поволни цени за сите учеснции, летови изведени од најдобрите пилоти на Heli XC
10:00-18:00 обезбедени влезници за музеи во Крушево за секој учесник на фестивалот
13-19:00 кајак и SUP (stand up paddle board) тури на Крушевското Езеро со екстра поволни цени за сите учеснции, обезбедени од професионален тим
17:00 дегустација на локална храна,
18:00 затворање на фестивалот со забава во градскиот парк

* Организаторот го задржува правото за промена на распоредот.

Повеќе детали ќе бидат објавени на нашата веб страна.

ПРАВИЛНИК ЗА УЧЕСТВО НА НАСТАНОТ "When in Krusevo"
Член 1
Секој учесник пред стартот потпишува поединечна изјава во која изјавува дека возењето на МТБ турата, планинарската тура, тандем параглајдинг, кампување,кајак, нуркање, забавата на фестивалот и сите останати активности предвидени во програмата на „When in Krusevo 2018 " се на сопствена одговорност и дека ќе ги почитува дадените опасности обележани од страна на организаторот. Целокупната одговорност е на страна на учесникот. Изјавата е валиден документ со кој организаторот може да ја потврди пред надлежни органи.
Член 2
Секој учесник треба да има со себе комплетна велосипедска опрема (кацига, заштитни ракавици, соодветна облека за возење и сл.). Возењето без кацига е на одговорност на учесникот. Организаторот на стартот на турата им соопштува на учесниците за правилата за носење на кацига. Исто така потребна е соодветна психовизичка подготвеност за планинарскте тури, исхраната е од ранец, вода најмалку 1.5л. и планинарска опрема согласно временските прилики и најавена временска прогноза.
Член 3
Организаторот не превзема никаква одговорност во случај на кражба или оштетување на личните предмети на учесниците во кампинг зоната и надвор од неа, затоа ги советува сите учесници да ги носат вредните предмети со себе.
Член 4
Учесниците прифаќаат да бидат дел од снимениот материјал (фотографии, видеа и сл) со кои подоцна организаторот ќе може да ги употреби за сопствени цели (снимање на документарци, видео клипови за настанот и сл.)
Член 5
Организаторите го задржуваат правото да направат измени на планот и програмата, особено ако тоа е поради безбедносни причини.

За овој настан сеуште нема пријавено гости.

Мапа

П В С Ч П С Н
 
 
 
 
 
 
 
5
 
6
 
 
 
 
 
 
12
 
13
 
 
15
 
 
17
 
 
 
 
 
 
 
24
 
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
 
 

На Facebook