Велосипедски маратон „Бела ди супра 2014“

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

06:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Годинава по трет пат се организира велосипедскиот маратон “Бела ди Супра” во организација на Велосипедскиот клуб Соларис од Струга. Настанот ќе се одржи на ден 14.09.2014. Ќе се вози на релација Струга, с. Вишни, с. Горна Белица, Караула “три шилка”, граничен премин Ќафасан, с. Радожда, Струга. За оние кои сметааат дека не се доволно подготвени ќе има мал маратон кој од Горна Белица преку шумски живописен пат се спушта до Струга.

Местото на тргнување ќе биде извидничкиот клуб „Крсте Јон“ во 10:00. За заинтересираните велосипедисти кои сакаат да кампуваат вечерта на 13.09. обезбедено е место за шатори. Попатно се обезбедени сокови Синалко и минерална вода, ѓомлезе и традиционални пити со сирење. На крај турата ја завршуваме со традиционалното гравче. Ова задоволство ќе ве чини 150 ден. доколку сте во можност ако не здравје, ќе делиме се што имаме :)))))

Напоменуваме дека секој учесник на маратонот своеволно учествува на истиот и обврзан е да поседува исправен велосипед и заштитен шлем. Иако се обезбедени пунктови и лица за давање на прва помош организаторот не сноси одговорност при евентуални несакани случувања.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија