Наслов

ВелоЧе низ ПореЧе
Локација: 
Порече
Држава: 
Македонија
Датум: 
Сабота, 18 Мај, 2019 - 09:00

Контакт

Велоче низ Порече!

Во близина на Македонски Брод, непосредно до езерото Козјак и село Белица пред ресторан Чифлик започнува оваа наша авантура. Овде стазите ве водат од качување и спуштање со цел освојување на врвот Фојник како највисока точка и тоа по ваша желба дали ќе ја изберете поблагата Classic или потешката Epic варијанта.
Потоа може да ви ветиме константен наплив на адреналин на спустот до мостот кај Близанско, за потоа една помирна увертира со вожња покрај езерото со мислите за ручекот каде што ќе ги срушиме стереотипите за гравот и ќе понудиме во менито пастрмка со гарнир и салата. За сите уредно пријавени ќе има и изненадување од организаторот.
Пријава за настанот тука: https://forms.gle/GjdYFcAucjYY4WXL9

Опис на турите

CLASSIC:

Masterpiece.Кога веќе еднаш ќе се тргне нема да може да ја иставите насмевката од вашето лице до целта, со благо накачување во правец на Самоков каде што попатно може да се надополни вода во манастирот за да бидете подготвени со малку поголем напор да го освоите Требовље. Во Требовље сите пријавени учесници ќе можат да се освежат и надополнат вода на пунктот каде што за кратко ќе почнува адреналинската инекција до мостот на Близанско каде ќе ве чека уште едно освежување, за на крај да им остане една рекреативна вожња до целта во Ресторан Чифлик.
Страва линк: https://www.strava.com/activities/2254855238
Должина: 58.2 km / вкупно искачување: 1.959 m / асфалт: 65% / макадам: 35%

EPIC:

И покрај тоа што должински не изгледа дека е многу потешка од classic варијантата, сепак овде треба сериозно да се размисли пред да се пријавите за учество, и од причини заради безбедност на учесниците организаторот одлучи за оваа рута да има и временска рамка во с. Брест до 13:00 часот каде што ќе биде последен тајминг пред некој учесник да продолжи кон врвот Фојник.
Освежување за оваа рута организаторот обезбеди исто во Требовље и на мостот кај Близанско, со тоа што ќе може да се надополни вода во с. Рамне и с. Брест каде што има и продавница.
Овде сигурно нема да ви фали адреналин во текот на цела вожња, со треил патеки, голема елевација за освојување и примена на солидна техника за врема на спуштање по патеките.
Патеката води и до врвот Фојник каде што ќе има оставено вода за дополнување.
Страва линк: https://www.strava.com/activities/1539470899
Должина: 66.7 km / вкупно искачување: 2.663 m / асфалт: 50% / макадам: 35% / треил: 15%

КОТИЗАЦИЈА ЗА НАСТАНОТ: 600 ДЕНАРИ
Вклучено со котизацијата:
-Ручек (Салата, Пастрмка и Гарнир)
-Сувенир Маичка
-Пунктови со освежување
-Техничка поддршка
-Горска служба
-Награди за дел од учесниците

ПРОГРАМА:

18 Мај 2019 Сабота
-10:00 - Пристигнување на камперите, регистрација и подигање на пакети, слободни активности, факултативна прошетка покрај езерото Козјак, посета до с.Белица и околината, вртење колбаси на скара, вегански супи, итн, итн.
Забавниот дел ќе биде во ресторан Чифлик најверојатно со Стево Магнетик & Биле, ова нешто како Селимова & Желчески на ејсид. Препораката од организаторот е сите учесници да се приберат во кампинг зоната до 22:00 и апсолутно е забрането после тоа да се прави галама во кампинг зоната и вознемируваат останатите учесници.

19 Мај 2019 Недела
-08:00-09:30 - Регистрација на учесниците за настанот
-09:30-Почеток на велосипедските маратони
-13:00-За учесниците од epic маратонот временска рамка во Брест
-14:00 - 19:00 - Ручек за сите регистрирани учесници, плакетирање и забавен дел.

Задолжителна кацига и внимавање според условите на патеката.

Сите малолетни деца кои возат без присуство на нивните родители ќе се отстранат од патеката и ќе им се пуштаат кавер верзии од Бјело Дугме во перформанс на Аца Лукас и читање поезија од Алистер Краули додека се вратат нивните родители.

ФАКј:

1.Како да стигнам до Ресторан Чифлик и Белица?
-Регуларно по патот за Македонски Брод низ Прилеп со тоа што во Суводол вртиш десно и продолжуваш право се до езерото Козјак каде што е во непосредна близина и ресторанот.

-За сите оние што им е поблиску преку Скопје распоредот е овој
Скопје кон Македонски Брод 06,30-09 часот и 16 - 18 часот
Македонски Брод кон Скопје 05 - 06 часот и 18,30 - 20 часот

2. Не сакам да спијам во шатор, дали има некое друго сместување?
Со претходна и навремена резервација ќе се обезбеди легло по дисконтни цени во Чифлик или пак во непосредна близина до него. За поподробни информации во ПП.

3.Не јадам риба, не идам!
За сите оние што не јадат риба, има опција да им се смени оброкот со парче скара со гарнир, или нешто веганско/јанско по избор што го има во менито на ресторанот.

4. Дали ако водичите се спори можам да ги поминам?
-Апсолутно не, во случај ако некој се дрзне да го направи тоа организаторот се оградува од секаква одоговорност за него во понатамошниот дел од маратонот.

5. Дали треба да се регистрирам и платам котизација за да возам, да не е ваша планината?
-Би било пожелно и културно е за падобранци да одберат друг ден за возење, зошто организаторот вложил еден куп труд и средства и секако дека не им следува никакво освежување, техничка или било каква поддршка.

За овој настан сеуште нема пријавено гости.

Мапа

П В С Ч П С Н
1
 
2
 
 
 
 
 
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
25
 
26
 
27
 
 
29
 
30
 
31
 
 
 
 
 

На Facebook