Наслов

Критична маса #53: Со политики свесни, коловози стесни
Локација: 
Плоштад Македонија
Држава: 
Македонија
Датум: 
Среда, 28 Септември, 2016 - 17:30

Контакт

Име и презиме: 
НаТочак

Блог пост за КМ #53: http://natochak.blogspot.com/2016/09/53_25.html
Промотивни материјали за КМ #53: http://natochak.blogspot.com/2016/09/53.html
---------------------
Потребна ни е промена на политиките!
Автоцентричното планирање не го решава проблемот на мобилноста, само привлекува нови коли и за најкратки дистанци, затоа што другите начини на превоз ги прави небезбедни, непријатни, невозможни...
Досега се прибегнуваше кон одземање простор од пешаците, велосипедите, зеленилото за да се добијат што повеќе и што пошироки ленти за коли. Добивме автопати место градски улици... Сигурно можете да наброите повеќе примери низ градов... Климент Охридски е само еден илустративен пример од многуте... Овој пристап во планирањето е карактеристичен за речиси сите градови после Втората светска војна, но веќе е застарен, веќе се согледуваат неговите недостатоци и полека се напушта.

Потребно ни е планирање со фокус на луѓето!
Како ќе добиеме поквалитетна животна средина? Како ќе добиеме повибрантен град со поживи поатрактивни јавни простори? Како ќе го подобриме квалитет на воздухот? Како ќе ја зголемиме безбедноста кај сите учесници во сообраќајот и чувството на комоција особено на пешаците, на велосипедистите, на луѓето во инвалидски колички, на најмладите, на повозрасните? И на крајот, како ќе ги решиме сообраќајните проблеми, како ќе превезем повеќе луѓе? Со каков дизајн на улици? Со какви политики? Со сите во кола и со паркирање кој каде му текне, сигурно -не.
Градовите во кои луѓето најмногу уживаат да престојуваат и живеат и градовите кои го скротиле сообраќајниот хаос се градови кои пристапиле кон еден обратен процес во планирањето. Road diets. Lane diets.
На возилата - неопходниот минимум (не мора целосно да се откажеме, но треба да ги користиме порационално), а предност на пешаците, велосипедите, јавниот превоз.
Потесни ленти за возила со паметен дизајн може да значат дека просечната брзина на возилата воопшто нема да се намали, туку само ќе ги снема пиковите: забрзувањата и кочењата, она најопасното. Потесни ленти за возила ќе значат пошироки тротоари за комотно шетање во друштво (не во колона еден по еден!), ќе значат велосипедски патеки онаму каде што ни велат дека „нема услови", ќе значат специјално место за побрз јавен превоз, ќе значат место и за зеленило, а понекаде и за паркинг...
Решението е пред нас.

Драго Скопје,

Со политики свесни,
коловози стесни.
Смири возачи бесни,
пешаци и точаци смести.

Доколку ја поддржувате оваа идеја за поинаков пристап во сообраќајното планирање, придружете ни се на Критична маса #53.
Се гледаме на точак!
Ѕрн-ѕрн!
Се гледаме на Критична маса!
*** Секој учесник вози на своја одговорност.

Рута на возење: goo.gl/TMDyvf

Twitter: @natochak, #НаТочак
Блог: http://natochak.blogspot.com/
FB: https://www.facebook.com/NaTochak/
Инстаграм: http://instagram.com/natochak
e-mail: natochak@gmail.com

За овој настан сеуште нема пријавено гости.

Мапа

П В С Ч П С Н
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31
 
 
 
 

На Facebook