Наслов

Во меѓувреме, во Германија...

101км велосипедски автопат (нешто како од Куманово до Тетово), се гради во најнаселениот регион во Германија, Рур, кој има над 12 милиони жители... 

Рур регионот во Германија е вториот најнаселен регион во Европа со 10 градови кои се толку близу едни до други што веќе постануваат една целина со над 12 милиони жители.

Бидајќи градовите се многу близу едни до други, жителите постојано патуваат низ градовите, па Германијаго гради првиот велосипедски автопат со должина од 101 километар, посветен единствено за велосипедски превоз со обележани насоки за движење, патни сигнали, осветлување, зимско одржување и станици за одржување на велосипедите.

Официјалното име на велосипедскиот пат е RS1 и со неговото пуштање во употреба се очекува да биде најбрзиот начин за превоз низ Рур регионот. Подолу го имате официјалното промотивно видео за RS1, нешто би сакале и тука кај нас да го видиме во реалност... 

17 Август 2017

За авторот