Осогово и лично и различно

Погледнете го видеото кое што е изработено во рамки на кампањата за прогласување на дел од Осоговските Планини како идно заштитено подрачје во категорија заштитен предел во кое што се прикажани дел од значајните видови на биолошката разновидност и се истакнати видови кои се најдени само на оваа планина, но и дел од видовите со европско и меѓународно значење.

За снимањето на ова видео посетени се повеќе од 25 локации на Осоговските Планини и опфатени се различни шумски комплекси, речни екосистеми, автентични високопланински предели, а претставена е и карактеристичната интеракција на луѓето со природата на оваа планина и локалното природното и културното наследство.

Целата на кампања за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитен предел се одвива во рамките на активностите на Програмата за зачувување на природата, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), координиран од „Фармахем”.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија