Голема еколошка лекција од малата Љубљана

Наслов

Љубљана ќе биде првиот главен град без отпад

Главниот град на Словенија стана првиот главен град во Европа кој се обврза до крајот на 2025 година да нема отпад кој ќе се одлага на депониите, односно минимум 75% од севкупниот отпад ќе се рециклира.

Директорката на градското претпријатие за управување со отпад, Нина Санковиќ, вели дека пред 15 години целиот отпад одел на депониите, а како што таа вели, тоа е скапо, завзема простор и се фрлаат ресурси.

Ако помисливте дека ваквата одлука на Љубљана е административна и преку ноќ, тогаш се лажете. Почетоците на еколошката преродба на градот се уште од 2002 година, кога за прв пат биле поставени контејнери за селектирање отпад: пластика, стакло и хартија. Четири години подоцна почнува планот за собирање на био-отпадот директно од домовите(од врата до врата).

Во 2008 година Љубљана сепак рециклирала само 29,3% од севкупниот отпад што било далеку од европскиот просек. Сепак тие не се откажале од својата цел и продолжиле со низа мерки кои влијаеле на подигнување на свеста на населението, но и практични мерки кои позитивно влијаеле на еколошката мисла. Денес Љубљана рециклира 68% од севкупниот отпад, а отпадот кој завршува на депониите е намален за 80%. Жителите произведуваат само 115кг отпад по глава на жител, што ги става во европскиот врв на кој се наоѓа Тревизо со 59кг.

Во Словенија се наоѓа и регионалниот центар за управување со отпад отворен во 2015 година. Овој центар во суштина претставува најмодерна фабрика во Европа за преработка на отпад која работи на природен гас за производство на сопствена топлина и струја и во неа 95% од вкупниот отпад се рециклира, се претвара во цврсто гориво или во висококвалитетно вештачко ѓубриво, а само 5% завршува на депониите.

07 Јуни 2019

За авторот