Наслов

Кој ќе биде јунакот за 2016та

На National Geographic им треба помош да го одберат авантуристот на годината. Се избира еден од 10те најхрабри и најавантуристички потфати кои се направија некаде низ светот, обележувајќи го авантуристичкиот дух од минатата година.

11 години по ред National Geographic го скенира светот во потрага по авантуристот на годината, секој селектиран според неговото или нејзиното јуначко достигнување кое ги поместува границите на авантуристичкото истражување, авантуристичките спортотви, заштитата на природата и хуманитарноста.

Остануваат уште неколку дена до крајот на гласањето (31ви јануари) така да кликајте овде и запознајте се со авантурите на 10те најхрабри од изминатата година и гласајте за својот фаворит

п.с. Екологика гласаше за соларните летачи кои си летаат наоколу низ планетата без гориво! Нивната авантура продолжува и во оваа година... 

28 Јануари 2016

За авторот