Во последната акција собрани 4,5 тони ѓубре

Наслов

Ѓубриња сме и на Еверест

Паралелно на стотиците луѓе и екипи кои овој период се во обид за искачување на највисокиот врв на светот, постои една (релативно) мала група на доброволци кои таму одат за да го исчисти ѓубрето што претходниве веќе го имаат забаталено. 

Проблемот со ѓубрето во подножјето на највисокиот врв на светот е одамна добро познат. Најголемиот дел од експедициите кои го посетуваат овој дел од Хималаите оставаат огромна количина на ѓубре во сегментот од 5200 до 6500 мнв бидејќи за истото да се симне, потребни се дополнителни трошоци, ангажман на јакови и екипи - што е тотално неоправдано, но вистинито. 

Затоа од 1997 година па наваму на северната страна на планината (од кинеската страна) редовно се организираат доброволни акции за чистење на ѓубрето. Оваа година екипата на доброволци брои над 100 качувчи кои доаѓаат од различни делови на светот, локалните Тибетанци, планинари од Италија, САД, Шпанија, Швајцарија итн. 

Паралелно со пролетната качувачка сезона, тие веќе се во полна пареа и работат на чистење на големите отпадни матерјали кои се оставаат околу базниот камп и другите локации. Според последниот извештај тие успеале да колектираат 4.5 тони на ѓубре од кое најголем дел (околу една третина) се лименки и конзерви, боци, како и јажиња, искористена опрема и пластика. 

Покрај екипите за чистење во акцијата се ангажирани и над 100 јакови кои се задолжени за носење на целото ѓубре во долните делови од планината откаде ќе се транспортира во локалните депонии. 

Оваа година екипите се стигнати највисоко досега, а од Тибетското Биро за Спорт се вели дека во наредните години се спремаат планови за достигнување на уште повисоките делови од планината (во делот до 8300 мнв) кои би се опфатиле со чистење. 

Другите планови за почисто одржување на природата се инсталирање на системи и станици за класифицирање и рециклирање на отпадот покрај местата за кампирање. 

18 Мај 2017

За авторот