Ако до 2050 Москва ќе има клима како Софија, тогаш што е со Скопје?

Според последните извештаи на тема глобално затоплување, со ова темпо за три декади Лондон може да очекува клима како денешна Барселона, а Москва како онаа на Софија. Скопје ќе биде идниот Тексас. 

Доколку светот го задржи сегашното темпо на глобално затоплување кое движи некаде во рамките на 0.2°C на една декада тогаш предвидените скоро 2°C степени кои би се покачиле на глобално ниво во светото до 2050 година би допринеле многу поголеми температурни покачувања во скоро сите големи градови во светот. 

Според последната студија објавена во Плос, бројките кажуваат дека глобалното затоплување би донело просечно подигнување на температурата во европските градови за 3,5 степени во лето и 4,7 во зима. Тоа би значело дека градовите во кои живееме (во северната хемисфера) би се стекнале со клима која ја имаат градовите кои се наоѓаат 1000 километри појужно.

Лондон би имал клима како Барселона, Мадрид како денешен Маракеш, Стокхолм како Будимпешта. Според информациите, 8 од 10 градови (од оние 520 на кои е направена анализата) би доживеале драматични промени проследени со суша и големи поплави, односно со услови какви што никогаш досега не биле видени во тие градови. 

Според моделот, од европските градови Љубљана ќе има најголемо покачување во температурата од +8 степени. 

Човештвото во период од околу 120 години, од 1900 година до денес, ја има „покачено” глобалната температура за 1 степен (во споредба со прединдустрискиот период), но во последните неколку декади темпото е забрзано. Се очекува, доколку не се преземат драстични мерки, во периодот од 2030 до 2050 година да се достигнат предвидените 1,5 степен покачување на температурата, затоплување кое ќе не втурне во „крајно непредвидлив свет” како што кажаа Обединетите Нации. 

За да се одржиме под оваа бројка, државите треба да ја намалат емисијата на стакленичките гасови на 45% до 2030 година и да биде на нула до 2050. 

„Оваа студија помага да ги постави промените во конткст на човечкото секојдневие и искуство, и поважно, покажува дека многу места во светот ќе доживеат целосно нови клими кои се надвор од она што некогаш сме го искусиле.” – вели професеорот Ричард Бетс кој ја коментира студијата. 

Европа веќе осети дел од екстремите ова лето, во некои делови од Британија за еден ден врнеше дожд колку што нормално паѓа во два месеци, а потоа следеше топлотен удар во цел континент кој донесе вредноси на целзиусовата скала и до 10 степени повисоки од нормалата.

А, не ви кажавме за Скопје. Скопје ќе има тексашка микроклима, изгор лето, кочан зима.  

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија