Наслов

80 години во длабок офлајн

Како изгледа живот без електрична енергија и вода во 21 век во Британија? Маргарет ќе ни каже.

Маргарет Галагер е 77 годишна жена од селото Ферманаг кое се наоѓа во Британија близу до границата со Ирска. Родена е 1942 година во истото тоа селце во време во кое и не било така невообичаено да се нема елетрична енергија и вода.

На почетокот на 50те таа останува без својата мајка а подоцна и со тешка болест која го погодува нејзиниот татко. Во тој период што заради немање финансии, што заради немање желба, нејзиното семејство го пропушта трендот на модернизација и таа до ден денеска останува да живее на истиот начин како и пред 80 години.

Денот на Маргарет започнува во 05:30 часот наутро кога го пали огнот за утринскиот чај а завршува вообичаено околу 18:30 бидејќи парафинот кој се користи како осветлување во ноќните часови е прескап за неа. Живее сама и тоа подразбира прилично активно секојдневие. Готви на оган а за вода пешачи до локалните извори десетина пати во текот на денот.

Таа е свесна за времето во кое живее и себеси не се смета за хипик. Горда е на својот начин на живот и не би го менувала за ништо и за некого. Вели дека ако ваквиот живот бил добар за нејзините предци, одличен е и за неа. Еден вид посвета за генерациите на семејството кои ја купиле семејната куќа во далечната 1887 година.
Маргарет знае дека начинот на живот кој таа го живее исчезнува. Вели дека секојдневно во нејзината куќа доаѓаат луѓе и на кои им се допаѓа она што ќе го видат, но никој не би останал особено не младите луѓе за кои таа вели дека можат да многу да научат од нејзината едноставност и да бидат среќни со тоа што го имаат.

Таа единствено стравува дали ќе може уште долго да води ваков начин на живот во годините што доаѓаат пред се заради нејзиното здравје. 

„Јас сум своја личност, имам свој идентитет, оваа куќа го претставува се она што јас сум. И нема да го сменам тоа за никого"- Маргарет Галагер.

03 Јуни 2019

За авторот