Еко совет на денот

Секогаш кога можете споделувајте го превозот со автомобилот со фамилијата и пријателите, колку помалку возила на асфалтот толку помало загадување.

Да беше фотошоп, сигурно ќе мислевме дека океаните се чисти... 

Имајќи предвид дека вкупната бројката на годишни посетители кои доаѓаат на трекинг до Базниот камп на Еверест или се дојдени да го искачуваат врвот во последните години се движи околу 30000 луѓе, замислете колку е тоа измет и фекален отпад. 

Со проектираните нови ски патеки во должина од 330 километри и околу 110 км. нови скилифтови во склоп на скијачкиот центарот Банско, разноликото природно богатство на Пирин се наоѓа пред сериозна закана.

Овој викенд преку акцијата организирана од страна на Go Green-Биди Зелен и Ски Центар Маврово насловена како „Со срце за зелено Маврово” сите ние имаме можност да помогнеме во чистењето на нашиот најголем национален парк, да имаме корисно и убаво исполнет ден во природа, а како награда секој ќе добие ваучер за еднодневна ски карта оваа сезона. Одлична можност за општокорисна работа во природа. 

Ок, не е поради тоа што ќе изгледате како да имате парче пластика бутнато во уста (што и е така), не е дека нема онаков филтер кој спречува сè и сешто што лебди во воздух, туку навистина има нешто толку очигледно што е целосно промашено во проклетиот дизајн. 

Регулирањето на Шара како Национален парк би го формализирало нејзиниот статус како заедничко добро. Тоа ќе иницира процес на освестување и разбирање на природниот ресурс, неговата важност, како и важноста на одржливото и хуманото управување со него.

Додека сите сме главно сконцентрирани на ефектите на транспортот и индустријата врз целокупната екологија и загадување на планетава, многу малку се зборува како исхраната може да игра важна улога во намалувањето на штетните гасови и глобалното затоплување. 

Темата за аерозагадувањето се актуелизира правопропорционално со висината на измерените вредности за концентрацијата на ПМ честичките во воздухот. Доволно е да дувне еден ветер и сите некако забораваат дека голем дел од државава се соочува со огромен еколошки проблем. А кога е лето и не го гледаме смогот околу нас, тоа е толку далечна тема што дури и најзагрижените граѓани и активисти ја оставаат на страна.

Лоциран во Малмо, Шведска, градот кој е рангиран 5ти во светот развиената велосипедска култура, хотелот е наменет за туристите кои доаѓаат со желба да патуваат со велосипед низ градот... 

Компост е темно ѓубриво кое се добива од разни видови органски отпад како што се лушпи од зеленчук и овошје, трева, лисја, слама, пилевина, талог од кафе и чај. Овие материи се разложуваат и создаваат органски хумус кој може да се користи во нивите и градините. Со компостирањето се овозможува да се врати органскиот материјал во почвата од каде што потекнува, по истиот тек како што се создава во природата.

Нова серија на блогови во која ќе ви покажам како да направите сами во нула отпад стил.

101км велосипедски автопат (нешто како од Куманово до Тетово), се гради во најнаселениот регион во Германија, Рур, кој има над 12 милиони жители... 

На Facebook