III меморијален планинарски марш „Сашо Костадиноски“

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

04:30

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

На 21 јули 2019 г. (недела), Планинарското друштво „Ендорфин” од Кичево во сеќавање на својот прерано изгубен член, планинар и другар, Сашо Костадиноски, го организира Третиот меморијален планинарски марш на планината Голјак.

Голјак е средновисока планина која се наоѓа во Кичевскиот Регион и ги раздвојува селата на Копачијата и селата на Бржданска (Беличка) Река, дел од масивот на Илинска и Плакенска Планина. Веливрв e највисокиот врв на оваа планина, којшто со своите 1535 метри надморска височина пружа одличен поглед на Кичевската Котлина и масивот Челоица-Песјак на исток, Баба Сач, Бушева Планина и Лубен на југоисток, Илинска на југ, Стогово на запад, Бистра на север.

Акцијата започнува од с. Брждани (Горното село), движењето се одвива по маркирана планинарска (козја) патека, која над 80% поминува низ дабова и букова шума. Последните 500 метри до врвот, движењето е по пасиштен терен.

Должина на патеката: 6,5 км (враќањето се одвива по истата патека, вкупна должината на патеката во двата правца изнесува 13 км)
Висинска разлика: 680 метри.

ВАЖНО
– Потребна опрема: планинарски обувки со тврд ѓон, облека според најавата за временска прогноза, очила за сонце, капа/шешир, кабаница, крема за заштита од сонце, планинарски стапчиња.
– Доручекот е од ранец, вода 2 л. (минимум).
– Пожелно е секој учесник да носи прибор за заедничкиот ручек (планинарско гравче).
*На патеката на едно место има извор на вода, меѓутоа во летниот период можно е да биде пресушен.

ПРОГРАМА
06:30 ч. – собирање на учесниците во Горно Брждани (пред селската црква, 850 м.н.в.)
07:00 ч. – старт на акцијата
09:00 ч. – пристигнување на групата кај шумската куќарка на Преслоп (1270 м.н.в.), пауза 20 мин.
09:30 ч. – поаѓање кон врвот (со попатни одмори)
11:00 ч. – пристигнување на Веливрв (1535 м.н.в.)
12:00 ч. – поаѓање за назад
15:00 ч. – пристигнување во Горно Брждани и заеднички ручек (планинарско гравче)

Задолжителна пријава за учество со број на членови.
Планинарско друштво/клуб: ______________________________________________

Име и презиме / бр. на л. карта /
1.
2.
3.

Датум М.П. Планинарско друштво

Доставување на пријавите на е-пошта: endorfin.kicevo@gmail.com или во порака на фејсбук-страницата на Планинарско еколошко друштво „Ендорфин”.

*Заради организациски потреби пријавувањето за Маршот е најдоцна до четврток (18 јули 2019)!

*Акцијата се организира во соработка со Месната заедница на с. Брждани.

Водичи / координатори на акцијата: Давор Јанкулоски (075 668 501), Зоран Маџоски (077 495 232), Елена Ванчоска Секулоска, Мирослав Секулоски + локални водичи од с. Брждани

НАПОМЕНА
– Секој учесник мора да има соодветна психофизичка подготвеност за искачувањето и учествува на сопствена одговорност.
– Секој учесник е должен да ги почитува препораките и насоките на водичите.
– Учесниците да ги слушаат упатствата на водичите и да ја чуваат животната средина;
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат учесник пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

Со почит,
ПЕД „ЕНДОРФИН” Кичево

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија