Втор Конгрес на Здружението на Физиотерапевти на Република Македонија

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

10:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Во периодот од 16-18 Септември во Струга хотел “Бисер” ќе се одржи Вториот конгрес на Физиотерапевтите на Македонија под мотото “Продолжи да се движиш, движењето е живот” во организација на Здружението на Физиотерапевти на Република Македонија (ЗФРМ).

Струга ќе биде домаќин на светски познати Физиотерапевти и здравствени работници блиски до физиотерапијата. Специјален гостин е познатиот Др. Кензо Касе иноваторот на кинезиотејпингот кој ке одржи работилница во сколоп на конгресот на тема:
“Кинезиотејпинг од спорт до медицина”.

Програмата на конгресот (English version of the Congress program) е составена од 43 усмени презентации, 8 работилници и 12 постер презентации, 1 округла маса и 1 промоција на книга.

Работилници за време на конгресот:
– “ВЕЖБИ НА ТОПКА – СТАБИЛНОСТ – БАЛАНС – ФУНКЦИОНАЛНОСТ” – Ади Беговиќ (Босна и Херцеговина);

– “ПАРИЕТАЛНА ОСТЕОПАТИЈА – МАНУЕЛНА ТЕРАПИЈА И КИРОПРАКТИКА – Аднан Ибрахимовик (Германија);

– “ФУНКЦИОНАЛНА МАГНЕТНА СТИМУЛАЦИЈА ВО ФИЗИОТЕРАПИJА ” – Ален Лилиќ (Словенија);

– “ВИСЦЕРОСОМАТСКИ РЕФЛЕКСИ” – Мауро Мандагаран (Италија)
“ТРЕТМАН НА ЛИМФЕДЕМ КАЈ НАПРЕДНИ ЗАБОЛУВАЊА” – Тамара Кошевиќ (Велика Британија);

– “ЛУМБОИШИЈАЛГИЈА И ПРОТРУЗИЈА НА ДИСКУСОТ
ИНТЕРВЕРТЕБРАЛИС СЕГМЕНТ L4-L5 ТЕРАПЕВТСКИ ПРИСТАП ПО
ПРИНЦИПОТ ТКМ И АКУПУНКТУРА” – Аднан Ибрахимовик (Германија);

– “ШИАТЦУ” – Драган Димитријевиќ (Србија).

Свое учество најавија 150 физиотерапевти од Македонија и од околните балкански држави Бугарија, Турција, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Босна Херцеговина но и од Италија, Швајцарија, Германија, Велика Британија и Соединетите Американски Држави.

Во склоп на конгресот Тамара Кошевиќ Дипл. ФТ. Спец. Лимфен терапевт од Лондон (Велика Британија) ќе донира ортопедски помагала за компресивна терапија на претставници на здружението БОРКА.

Повеќе информации за програмта на конгресот можете да најдете на овој линк.

Ви Благодариме,

Блаже Арсов
Секретар на ЗФРМ
Мобилен :+38970772122
e-mail:secretary@fizioterapevt.org.mk
www.fizioterapevt.org.mk

Автор

Дејан

Скопје

Македонија