Title

Детски камп во природа
Location: 
Охрид
Country: 
Republic of Macedonia
Date: 
Friday, 16 August, 2019 - 09:00

Контакт

Full name: 
Ilina Arsova/ Art & Adventure

Кампот во природа нуди 6-дневна спортска и авантуристичка програма за деца од 10 - 13 години.
Целта е да ги мотивира младите да спортуваат и да поттикне родова еднаквост во спортот. Интересни игри и спортски активности ќе се случуваат во околината на Лагадин, Охрид. Курсот трае 6 последователни дена и препорачуваме присуство за време на целата програма.

Вклучува:

Пливачки камп со нашата пливачка легенда од светски и олимписки ранг, педагог и тренер, Наташа Мешковска. Учесници кои знаат да пливаат, но и оние кои воопшто не знаат, ќе имаат можност да изучуваат пливачки техники со Наташа и да се запознаат со овој спорт на нај професионален начин. Курсевите по пливање ќе се одржуваат на плажата Лагадин, додека сместувањето ќе биде во хостелчето Икар хат.

Активности во природа со Илина Арсова, ликовен уметник, планинар, скијач, прва Македонка на врвот на светот - Монт Еверест. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со основни теоретски и практични знаења за движење во планина и спортско качување на карпа. Тие ќе учествуваат и на неколку различни работилници во попладневните часови за време на кампот.

Штафетни и елементарни игри со Валентина Караѓуле, проф. по физичка култура, поранешна професионална спортистка со врвни резултати во одбојка, атлетика и веслање. Тренер на пливачка школа Охрид и вљубеник во качување планини и карпи.

Мини Кино и проекција на сет портрети од циклусот This is HERstory проследени од разговори и презентации.

Цена: цената изнесува 12, 000 мкд по учесник, со фамилијарен попуст од 20,000 мкд за две деца.
Во цената се вклучени програмски активности, сместување и три оброци дневно домашно приготвена храна, некои денови ручекот ќе биде на терен.

ИКАР хат е фамилијарен угостителски објект од мал обем со седиште на Лагадин 26, Охрид. Нуди разни содржини од областа на активниот туризам и едукација во природа. По организирање на Артвентура 2016, „Природата ќе најде начин" и „Денот на трската" 2017, Качувачки камп за девојки 2018, оваа година Икар хат ќе биде домаќин на кампот во природа насочен кон пливање, качување, уметност и игри.

Програма:

Петок, 16 Авг: Пристигнување, регистрација и заедничка вечера
Сабота, 17 Авг: Утринско пливање / еко акција / плажа / игри / мини кино
Недела 18 Авг: Утринско пливање / ликовна работилница / плажа / мини кино
Понеделник 19 Авг: Утринско пливање / Штафетни игри / запознавање со опремата и основи на качување
Вторник 20 Авг: Утринско пливање / качување на вештачка и природна карпа
Среда 21 Авг: Утринско пливање / водени лудории / попладневни презентации
Четврток 22 Авг: Утринско планинарење / слободно пливање / Поздравување и заминување на учесниците

*Програмата може да добие мали промени во распоредот согласно со временските услови.

За овој настан сеуште нема пријавено гости.

Map

On Facebook