Маратонот кој произведуваше електрична енергија

Со оглед на рејтот со кој се зголемува бројката на учесници на Скопскиот Маратон од година во година, град Скопје во иднина може да планира на ваков начин да ќари малку муфте струја, но и да поработи на граѓанската свест за обновливите извори на електрична енергија и штедење на истата.

На парискиот маратон оваа година, беше поставена електрична фарма од 176 гумени панели Pavegen на финиш линијата од стазата кои ги конвертираа последните уморни маратонски чекори во електрична енергија. 

Иновацијата е на 27-годишниот Лоренс Кембал Кук и со секој чекор, панелот произведува 8 ват секунди, а на маратонот беа продуцирани вкупни 4,7 киловат часови. Произведената енергија има опција да се чува и нормално, да се искористи за било какви потреби на самиот град.