Добри нутрициски навики за децата спортисти

Да имате уреден нутрициски план, значи дека се грижите за вашите спортски перформанси како професионалец. Навиките се создаваат уште од мали нозе, па затоа најдобро е што порано почнете за да имате подобри резултати во иднина.

Навика 1: Јадете на секои 3 часа

Ако сте навикнати да конзумирате само доручек, ручек и вечера, тоа значи дека во текот на денот имате голема флуктоација на енергијата. Телото прво реагира на шеќерниот прилив, а потоа ја чека наредната висока доза од истиот. Со тоа што ќе додадете повеќе оброци/ужинки, како на пример пред и по вежбање, вие сте на добар пат да внесувате храна на покуси временски интервали и со тоа правилно да го регулирате шеќерот во крвта.

Навика 2: Конзумирајте комплетни оброци

Се што ви треба се трите основи – јаглехидрати, протеини и здрави масти. Во различна количина, но сите треба да се вклучени во секој оброк бидејќи заедно ја продуцираат енергијата која му е потребна на спортистот. Плус, ќе бидете подолго сити доколку јадете на овој начин.

 

Навика 3: Имајте квалитетен појадок

Квалитетниот појадок ќе го забрза вашиот метаболизам за цел ден. Притоа, држете се понастрана од зашеќерените пијалоци.

Навика 4: Јадете зеленчук со секој оброк

Немате потреба од мултивитамини ако ја имате оваа навика. Зеленчукот треба да биде вашиот примарен извор на јаглехидрати, зашто тие полека ги ослободуваат шеќерот и енергијата. Скоро е невозможно да се прејадете со зеленчук, па затоа погрижете се да го вметнете во секој оброк.

Навика 5: Не пијте прости калории

Кога професионалните спортисти се советувани како да ја намалат телесната тежина, првото нешто што им се кажува е да ги исклучат газираните напитоци, џусевите (не се мисли на свежите), енергетските пијалоци или кафињата со шлагови и слични додатоци.

Навика 6: Јадете протеини скоро со секој оброј

Протеинот е основа при обновувањето на мускулите, но осигурајте се дека ги внесувате правите протеини. Јадете најмалку една порција протеини на ден.

Навика 7: Внесувајте здрави масти

Во дневното калориско мени на спортистите 20-70 проценти треба да доаѓаат од здравите масти, бидејќи всушност тие го намалуваат салото и го подигаат имунитетот. Добрите масти се содржани во авокадото, ленот, маслиновото масло или јатките.

Навика 8: Внимателно селектирајте ги јаглхидратите

Јаглехидратите се честа стапица за младите спортисти. Ако сакате да направите повеќе мускулна маса, јаглехидратите се добри, но ако сакате да изгубите килограми, тогаш ограничете ги. Секако, стремете се јаглехидратите кои ги внесувате да бидат сложени, а избегнувајте ги останатите како белиот леб, белиот ориз или паста.

Навика 9: Имајте план! 

Повеќето обиди за добра исхрана пропаѓаат бидејќи спортистите не ги планираат своите оброци однапред. Ако сами ја подготвувате храната ќе знаете точно што сте ставиле и колку сте ставиле. Здрави ужинки како јатки или овошје можат многу да помогнат при одржувањето на вашето атлетско тело.

Навика 10: Држете се до планот минимум 90%

Кога ја менувате вашата стратегија на исхрана не се трудете да промените сè оддеднаш, бидејќи така имате поголеми шанси да не успеете. Држете се до вашиот план околу 90% од времето и повремено почастете се себеси со нешто ”забрането”, нешто што ќе ве успокои и ќе ја одржи вашата мотивација на долги стази.