Пет изненадувачки начини за одржување на здрав кардиоваскуларен систем

Има нешто повеќе за здраво срце!

Еве, за сите оние кои не можат да се откажат од цигари, да се натераат на вежбање или да намалат тежина, нека пробаат барем да ги исполнат овие странични фактори кои имаат позитивна врска со здравјето на нашата пумпа. А, оние кои што веќе водат здрав живот нема зошто да не употребат уште некои додатни превентивни мерки.

Живеење на страна од галама
Звуците од сирени, гужва и непотребни пискотници и те како имаат врска со ризикот од мозочен удар. Резултатите од повеќе од 51.000 Данци покажуваат дека секое зголемување на галамата за 10 децибели, го зголемува ризикот од удар за 14 проценти. Кај постарите (над 65), за 27 проценти. Или Ен-Фа-Пен, или марш на село.

Спиење, тамам
Проаѓање во сон шест или помалку од шест часови на ден не е на арно. Оние кои имаат ваква навика (или пак проблем) имаат 48 проценти поголем ризик од инфаркт, и 15 повеќе за мозочен удар од оние кои си спијат по седум или осум часа на ден.

Е сега и за заспаните убавици. И над 9 часа сон не даваат убави резултати на доктор. Испитувањата покажуваат дека овој квантитет на сон дава 41 процент поголем ризик од срцеви заболувања.

Јадете боровинки
Докажано, со тапија. Една порција (некаде 140 грама) неделно го спречува качувањето на крвниот притисок за 10 посто.

Бидете внимателни со газираните
И тука се нашла некаква асоцијација, помеѓу пиењето на газирани сокови и срцев и мозочен удар, па затоа размислете.

Црно чоколадо
Сите оние кои се со слатко запче ќе се намрштат, ама тоа е. Еден ред црно чоколадо на неделно ниво дава 22 проценти помалку шанси за мозочен удар. Другите благодети кои ги нуди горкото чоколадо само ќе ги споменеме: намалување на воспалителни протеини, намалување на крвен притисок, превенција од запушување на крвните артерии итн. итн.

Изборот е ваш!