Зелено лешниково макало

Вкусно ем здраво макало што оди со секаков доручек, ручек, ужинка и вечера. 

 
  • 350г брокула (една голема китка)
  • 20 лешника
  • 1-2 чешниња лук
  • 50г сирење
  • 1 китка магдонос
  • сув босилек (може и свеж) 
  • 3-5 лажици маслиново масло
  • крупна морска сол
  • бибер
 

Пoдготовка

1. Во зовриена вода се става ситно исецкана брокула да се вари околу 5 минути. Веднаш потоа се става под ладна вода за да ја задржи бојата.

2. Лешниците се тостираат малку во тава за да добијат на шмек.

3. Кога ќе се оладат се мелат заедно со магдоносот, сирењето, лукот, солта и биберот.

4. Притоа постепено се додава маслото.

5. На крај се додава брокулата и сите заедно се пасираат во блендер.

6. Доколку смесата е премногу густа, може да се корегира со вода.