2Glide - Tandem Paragliding

2Glide – Tandem Paragliding

Нашата мисија…

Почитувани патници,

Речиси секој ден може да се слушне како луѓето зборуваат за тоа како се уморни од работата или од секојдневните рутини. Понекогаш сите ние зборуваме за тоа како сакаме да ги подобриме нашите животи или како сакаме да пробаме нешто ново, нешто моќно што ќе ги расчисти нашите умови и ќе не издигне на повисоко ниво.

Но, за жал, луѓето обично не прават ништо. Обично тие чекаат да дојде нивниот летен одмор, но сите го знаеме чувството како да трае само еден ден.
Нашата мисија е да ве извадиме од вашата дневна рутина и да ве приближиме до суштината на природата.

Обидете се да го замислите светот каде што наместо бетон ќе ги видите планините, наместо луѓе ќе видите птици, наместо згради да гледате облаци, наместо да брзате да имате внатрешен мир.

Ние сакаме да ви презентираме една поинаква перспектива. Перспектива што засекогаш може да го промени вашиот живот.

За време на летот ви препорачуваме чевли со соодветна заштита за глуждот, очила за сонце и заштита од сонце. Подлабоко знаење не е потребно. Сè што ви треба е ваша желба за летање!

На крајот од летот ќе добиете HD фотографии со широк агол од GoPro камера.
Минимум времетраење на лет е 15 минути. Термички лет е опционален и трае минимум 45 минути.

Искрено Ваши,

2Glide
Tandem Paragliding