Ако алергиите ви го реметат тренингот..

Ако сте од оние кои пролетта ја мразат најмногу како годишно време поради невидливите назални конгестиви, па уште и ако активностите кои ги правите за релаксација и тренинг ви се во природа, бидете умни и научете како сите тие непријатности да ги минимизирате и избегнете. 

Носете си ги со себе потребните медикаменти
Ова, сите атопичари добро си го знаат. Доколку имате во план да вежбате на отворено преку пролетта, имајте на ум редовно да ги земате препорачаните антихистаминици за да ги намалите ефектите од алергиската реакција. 

Планирајте
Следете ја прогнозата за полен (аеропалинолошки извештај) која ги покажуваат периодите кога има најголема концентрација на полен во воздухот. За Скопје, најдовме ваков извештај на официјалната страна на Град Скопје, но беше апдејтувана само за некоја недела од март. Ако навистина сакате да знаете, распрашајте се! 

Обрнете внимание на тајмингот
За време на сезоната на алергии, полинацијата се одвива најчесто помеѓу 5 и 9 часот наутро. Во овој период поленот има најголем пик, па затоа избегнувајте надворешни активности.

Заштитете се 
Ако навистина имате проблеми, а сакате да рекреирате, секогаш можете непријатностите да ги минимизирате со носење на маска.