Месиме за јаки гради и задоволен стомак

Ако не ви успее од прв пат, повторете ја лекцијата… најважно е месењето и печењето!

 

  • 1кг интегрално брашно -од какво зрно сакате, ова беше ′ржано (органско по можност)
  • 1 коцка свеж квасец или 1 кесичка квасец во прав
  • 1/2 пакетче, околу 50г ленено семе + сусам, семки од сончоглед и од тиква
  • може и мешани снегулки
  • топла вода за размесување
  • кафено лажиче крупна морска сол
  • пола лажиче кафеав шеќер

Подготовка

1. Сите состојки се ставаат во сад заедно со брашното.

2. Се додава по малку вода додека тестото не стане доволно влажно (но не премногу) за месење.

3.  Смесата се истура на маса и се меси додека не престане да лепи и стане хомогена смеса. (Тука градните мускули работат јако!) Во целиот процес се додава брашно, но не треба да се претера.

4. Се сече на два еднакви дела и се обликуваат векните.

5. Се редат во тепсија попрската со малку брашно и се оставаат околу 30 минути да стасаат.

6. Лебот се пече во предходно загреана рерна помеѓу 220-250 степени, а по 10 минути се намалува на 180 степени. (Ова е за крцкаво корче)

7. Се пече околу 1 час, но по навршениот час повремено ќе го зиркате за секој случај да не ви загори…

8. Уживајте во топлото, здраво и домашно лепче и во свежо навежбаните гради! 😀

Забелешка: Бидејќи лебот нема адитиви, се чува во фрижидер, а доколку ви се многу 2 векни тогаш едната можете слободно да ја замрзнете.

*Научено од специјалистот за домашни лебчиња – Бранка Новковска Ј.