:) :) :)
Ќе пукнат Јапонците од мака – Македонско суши
Фантазијата нема граници. Со оваа комбинација можете пријатно да ги изненадите своите пријатели, доволно е да ги поканите на домашно суши!
- 3 млади прави тиквички
- 200-300г сирење (по ваш избор)
- маслиново масло
- 1 морков
- босилек
- 1/2кг кисело млеко
4 јајца
Подготовка
1. Тиквичките се сечат на ленти, се бланшираат кусо во солена вода, а потоа се цедат.
2. Кравјото сирење се дроби на ситно до паста, му се додава маслиново масло и босилек.
3. Морковот се сече на тенки стапчиња.
4. Секоја лента се полни со смесата, се става едно стапче морков и се втика во ролна… се ролаат…
5. Се редат во тава, предходно подмачкана со масло.
6. Во рерна на 250 степени се печат 15-20 минути, се додава изматениот прелив и се пече уште 30 минути додека да испари течноста.
7.Прелив се прави од киселото млеко и од јајцата, убаво измешани за да се добие хомогена смеса.