Дали го сакате вашиот точак колку Дејв?

Дејв е најобично скромно типче кое ги сака работите што и секој од нас ги сака: добра храна, пиво и точак. Само што тој го сака точакот 1000 пати повеќе од нас.

Пред некое време Дејв Најс се гледал со некоја девојка од гратчето Канаб во Аризона. Дејв живее во градот Колорадо Сити и секојпат кога одел да се види со девојката тој го патувал со точак.

Но, она што е интересно е тоа што (1) прво: од Колорадо до Канаб има 60 километри и (2) второ тој вози еднобрзинец (фикси). Дејв не вози кола!

Во 2006 тој станува првиот човек кој успева да ја извози 110 километарската маунтинбајк трка Laramie Enduro на фикси, а пред да стигне на стартната позиција тој веслал 210 километри од Денвер.

Ја има возено TourDivide шест пати. Тоа е најдолгата off-road рута во светот која оди од Канада некаде до Мексико, а во 2012 има поставено рекорд со неговиот еднобрзинец.

Дејв (како што го нарекуваат, Фикси) не вози кола и скоро сите поминати километри му се на велосипед. И изгледа како најобично типче на точак. Најчесто носи најобични кратки пантолони, а не фенси опрема од ликра бидејќи сака луѓето што ќе го видат да се убедат дека не е потребна скапа опрема и облека за да се вози точак и да сфатат дека и тие би можеле да го прават тоа.

Што чекате, сите на бајк!