Ајфон 5 ќе „оди про“

Бидејќи Optrix веќе исфрлија на пазар авантуристички френдли кејсинг за Ајфон 4/4S/iPod нема зошто да не извадат и за петката. Сепак идејата да се „оди про” е екстра.

Optrix XD е водоотпорен пластичен оклоп со кој можете да го претворите вашиот Ајфон во акциона спортска камера. Пред една година на пазар излезе верзијата за Ајфон 4, па сега нема зошто да не искочи за Ајфон 5.

Новиот кејсинг е редизајниран да одговара на спецификациите на новиот телефон, има помала тежина, поголема издржливост на механички удари па дури и поголема водоотпорност од претходникот.

Optrix XD 5 e oпремен и со посебна леќа која му дава 175 степени широк агол на видеото кое и така е снимано од одлична камера.

Со кејсингот доаѓа и апликацијата Optrix VideoSport app која има намена да ги направи сите неопходни подесувања за квалитетно видео како „заклучување” на фокусот, подесување на фрејмовите во секунда и пикселите.

Ова треба да значи „поевтина” варијанта од GoPro доколку некој веќе има Ајфон 5 и сака да снима малку во авантуристичките води. Сепак, тука треба да се набројат и сите додатни акцесории кои треба да се поседуваат за going pro.

За повеќе инфо тука 

А, еве и едно видео да видите каква слика се вади