Ѓумбир како додаток за суши и за многу други прилики
Мариниран ѓумбир во 4 потези
Да купите кисел ѓумбир во тегла може да биде скапо задоволство, а има и дополнителни состојки како емулгатори и стабилизатори кои за никого не се пожелни. Затоа обидете се сами, нема да зажалите!
Kупете си свежи коренчиња од ѓумбир и погледнете го видеото за да видите како да го подготвите дома, заедно со суши, или како прилог за други оброци.
http://youtu.be/5uK9_eKsBIQ width:635 align:center
Самата подготовка е многу кратка, но треба да отстои во фрижидер околу 1-2 дена пред да се конзумира.
- корен од ѓумбир (1 голем или повеќе малечки)
- малку крупна морска сол
- уште помалку кафеав шеќер
- 1-2 лажици оризов или вински оцет
- вода
- стерилизиран сад
Подготовката можете да ја проследите на видеото.