Како да направите домашно суши Хосомаки
Суши се по дома

За љубителите на суши… Направете си суши по дома и уживајте во неговите благодети!
Во принцип, сè си е објаснето и напишано на видеото, така што можете да забележите дека сушито и не било толку тешко за правење. Потешко е да се најде свежа риба и евтини алги.
Препорачливо е оризот да биде специјализиран за суши, во спротивно ќе добиете сарма за краен производ.
Ако сакате да ставите риба, најубаво купете свеж лосос кој од морските риби е најмногу застапен кај нас. Инаку може да пробате и со пастрмка, зошто да не!
Авокадото е пожелна состојка исто како и краставицата.
Васаби можете и сами да си направите.
Ѓумбирот… па и тој можете сами да го направите.
Е соја сос можете да си купите.
http://youtu.be/kluFXL_tfEg width:635 align:center
Инаку сите продукти можат готови да се купат во големите супермаркети или во продавниците за органска храна.
Искористете ја вашата фантазија и започнете со ролање!
Среќно…