Зошто Тина Мазе мачка рекорди

Словенката оваа година успеа да го помине рекордот на Херман Маер од 2000 поени во ФИС Светскиот Куп во скијање кој беше постигнат сезоната 1999/2000. Кога нешто се сфаќа озбилно, резултатите сами си доаѓаат. 

Тоа што на Тина и кидна првото место во слалом во саботата не беше пречка токму наредниот ден (вчера) да се покаже во најдобро светло и да го освои првото место во веле-слалом во Лензерхајде, Швајцарија. 

11тата победа во Светскиот Куп оваа година го продолжи рекордот до досега максималните 2,414 поени. Па дури и Херман Маер може да позавиди откако неговиот рекорд од 2,000 поени беше срушен од страшната Мазе. 

Статистички најдоминантната година во Светскиот Куп во скијање од неговото формирање во 1967 не доаѓа преку ноќ. Тина е целосно посветена и навлечена, како што таа вели, на скијањето. 

Погледнете ја галеријата на официјалната веб страна во која се прикажани сликите од нејзината летна тренинг подготовка.