Девојчиња тренираат одбојка во школата Старс

Back-to-Back одбојка со Ирена и Наташа

Тренинг за душа, а богами и за вита става. Физичката активност е неопходна кај децата во развој, додека одбојката е идеална за младите девојчиња. Патешествието кон поенот не е едноставно, но вреди да се истрае спортски до крај!

 

Се работи со девојчиња на возраст од 8-15 години кои се поделени во две групи. Тренери на школата “Старс”, во СЦ “Борис Трајковски”, се Ирена Петкова (Јовановска), Наташа Кроневска-Свинарска и Нина Мечкаровски (Курчиева).

Тренингот започнува со загревање, истегнување и лесно трчање.

Секој тренинг не е со иста содржина, што значи дека обрнуваме внимание на најразлични вежби за моторика, координација, брзина, издржливост, концентрација и слично.

Пред да започне загревањето со топка, се прават серии од скокови, вежби за стомак и грбните мускули.

Бидејќи се работи во 2 групи, групата за почетници преку најразлични игри ги запознава основните елементи на одбојката, а понапредните групи работат вежби од посуштинско значење за совладување на основните техники во овој спорт.

Покрај тренинзите по одбојка, разговараме и за придобивките од вежбањето кое придонесува да се чувствуваме поздрави, посилни, похрабри и поиздржливи. Притоа децата стекнуваат одговорност, навика, почитување, пријателство, натпреварувачки дух, победа и пораз, толеранција…

На тој начин стануваат посамоуверени, повеќе го сакаат своето тело и чувствуваат дека имаат контрола над својот живот.

Правилниот начин на живот се учи и стекнува уште од мали нозе.

Физичката активност во комбинација со правилна исхрана е полн погодок!