Солена варијанта од палачинките на Шенѓул
Благите ги испробавме, беа многу вкусни, многу брзо и лесно се припремаа, а притоа беа поздрава замена за благ оброк (како чоколадо на пример). Сега направивме и солена варијанта, која се покажа достојна за повторна средба.
- 1 чаша млеко
- 1 чаша брашно
- 1 јајце
- 1/2 пециво
- 1 рендан морков на ситно
- 3-4 чешниња лук (во зависност од агендата може и без него)
Подготовка
1. Сите состојки се ставаат во блендер и се пасираат за да се добие хомогена смеса.
2. Потоа на тивок оган, во добро загреано тефлонско тавче се печат од двете страни.
3. Филот е по ваша желба, зависи од вашата моменталната фантазија и инспирација…