Препорачуваме

Маратон: Ти можеш!

Трчањето на маратон е спорт кој многумина го сметаат за премногу застрашувачки, па затоа луѓето повеќе го гледаат отколку што го трчаат. Со оваа книга, олимпиецот Јеф Галовеј ја побива погрешната претстава за маратонот и ја отстранува мистеријата и мизеријата околу трчањето на долги стази. Препорачуваме!

 

Маратонот всушност нѝ покажува дека секој би можел докрај да го истрча, доколку има правилен став и тренинг. Галовеј дизајнира тренинг програма за маратони со мали дистанци која ја користеле над 10,000 луѓе со 98 проценти успешност.

Книгата вклучува и најнови информации за тренинзи, иновации, брзински графици, табели со предикции, како и мотивациони стратегии.