Вкусните палачинки на Шенѓул за K4T.МК

(СЛАТКА ВАРИЈАНТА)
- 1 шолја млеко
- 1 шолја брашно
- 1/2 кесиче прашок за пециво
- 1 јајце
- 1 ситно рендано јаболко
- малку сол
- цимет
Подготовка
1. Сите продукти се ставаат во блендер и се пасираат додека не се добие хомогена смеса.
2. Потребно е едно тефлонско тавче, а дозата за една палачинка е 1 кутлача.
3. Палачинката се пече на тивко, од двете страни, без употреба на масло.
4. Топ брзи, вкусни и здрави палачинки!