Кога бројот 13 носи успех

Можеби сте се запрашале зошто децата поминуваат толку часови дома и пред компјутер, кога би требало да тренираат некој спорт или пак надвор да поминуваат време со другарчињата играјќи вистински игри. Ова младо момче со фамилијата e супер пример за успех бидејќи..

 

Во основа, секое дете учи и зема пример од своите родители. Ретки се оние случаи кога децата имаат преголем мотив и самодиспиплина за самите, без поддршка од дома, да постигнат големи успеси.

 

Шон Рабуту од Болдер, Колорадо е дете кое доаѓа од успешна болдерска фамилија. Неговите родители Дидиер и Робин професионално се занимавале со качување по карпи и биле светски шампиони своевремено. Сега, неговата мајка е и негов личен тренер.

Својата прва карпа ја качил на 2 годишна возраст, а како расте продолжува да нижи сè поголеми успеси.

И покрај тоа што љубовта кон качувањето карпи му тече во вените, ова младо 14 годишно момче наместо да игра игрици со своите другарчиња тоа тренира напорно, секојдневно, поминувајќи многу часови на карпите за да постигне уште поголеми успеси.

Неговите родители се само неговиот патоказ и одлична можност за да има вештачки карпи дури и во својата детска соба.

Најголем успех за Шон е качувањето на “Welcome to Tijuana” 8c (5.14b) во 2011 година каде на свои 13 години успеа да ја качи обратната качувачка насока во Роделар, Шпанија, која воедно важи за една од најтешките подвизи за остварување кај качувањето карпи на отворено.

Инаку неговата најомилена локација е “Super Manjocarn” во Св. Антоан, Франција.

Но и покрај сите предуслови кои ги има, најважно е што Шон качувањето го доживува како забава, а тоа му овозможува тешките предизвици да ги прифати како игра која треба да ја помине со цело срце.

Фамилијарната сага Рабуту продолжува со помалата сестра на Шон, Брук Рабуту

А доколку сакате да дознаете нешто повеќе за болдеринг кликнете ТУКА.